Туризам

Водопад Дуф
Водопадот Дуф претставува природна знаменитост по течението на Ростушка Река, во близината на село Ростуше. Тој се смета за еден од најубавите водопади во Македонија. Водопадот Дуф се наоѓа во близината на село Ростуше.
Водопадот е висок околу 30 метри и спаѓа во рамките на Националниот парк Маврово. До него се стигнува возејќи по регионалниот пат Маврови Анови - Дебар кој се протега по долината на реката Радика и се пристигнува во центарот на Ростуше од каде е и стартна точка. До вопадот се стигнува по патека од мешан тип, односно од центарот на Ростуше до шумската патека се стигнува по асфалтиран пат во должина од околу 800м. потоа се оди по планинска пешачка земјена патека а низ кањонот по патека со камелнива подлога.
Водопадот се наоѓа на леснодостапно место и за да се дојде до него не е потребен голем физички напор. До него води обележана пешачка патека во должина од околу 1250м, така што, и се стигнува за околу 40мин. Патеката води по кањонот на Ростушка Река, кој на некои места е длабок и до 100 метри. На крајот од кањонот се наоѓа водопадот, скриен позади карпите, со висина над околу 30м. На местото е поставена алпинистичка опрема со која посетителите може да се искачат по карпите што го обиколуваат водопадот (само за искусни и со сопствена опрема ).
При услови на врнежи патеката е доста лизгава и затоа се препорачува движење со професионален водич кој може да се побара во туристичкиот „Инфо Центар“ кој работи во склоп на Национален Парк - Маврово.
КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ТУРАТА
ТИП: Многу лесна тура.
Вкупна должина: 2,5km.
Вкупна денивелација: 154m.
Времетраење на турата: околу 02:00 часа.