On Screen Facebook Popup by Xelmep

Follow Us on Facebook.
Just click Like Button Bellow

Close

  • Email : info@rostuse.com.mk

  • Phone : +389 (0)70 707-180

Тури

Езеро Локув

Езеро Локув


 Езерото Локув е сместено во густа букова листопадна шума, која го опколува од сите страни во подгорието на планината Дешат. Поточно, езерото е сместено во дното на една вдлабнатина во подгорието на планината над селата Битуше и Требиште. Неговата потесна пристапност е релативно потешка бидејќи од 1160 м.н.в. до 1200 м.н.в. во должина од 1 км е пробиен макадамски шумски пат прооден само за теренски возила, а од споменатата височина (извор Влок) до езерото водат две коњки патеки кои повторно се соединуваат кај месноста Салева Ливада на 1440 м.н.в. До него се стигнува по делумно обележана пешачка патека од селото Требиште (1:40 мин) или од игралиштето кај караулата над Битуше (Околу 2 часа), од кои и двете водат низ густа букова и дабова шума, а втората и низ високи папрати. 

 

ОПИС НА ТУРАТА:
ВРЕМЕНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
08:45 – Тргнување кон езерото Локув.
10:45 - Пристигнување на Локув.
11:45 – Тргнување назад, односно кон караула Битуше
13:00 – Пристигнување на караула Битуше и тргнување кон с. Ростуше
13:30 – Пристигнување во с. Ростуше, и време за ручек.
15:00 – Враќање назад

КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ТУРАТА
ТИП: Комбинирана еднодневна тура, од различен карактер,
Требиште – Локув – Караула Битуше: Лесна тура
Вкупна должина: 6,5km
Вкупна денивелација: 584m.
Времетраење на турата: околу 04:00 часа.