On Screen Facebook Popup by Xelmep

Follow Us on Facebook.
Just click Like Button Bellow

Close

  • Email : info@rostuse.com.mk

  • Phone : +389 (0)70 707-180

Тури

Голем Крчин

Голем Крчин


 Искачувањето на Голем Крчин претставува вистинска атракција. Се тргнува од местото викано Караула над Битуше, поточно од стадионот на надморска висина од 1130м. Движењето е низ претежно шумска патека се до излез на отворено на висина од околу 1900м. Движејќи се по патот на надморска висина од околу 1500 метри има ливада и чешма викана ЃИНОВА ЧЕШМА. Понатаму се до 1900м. Продолжува патеката и поминува уште низ две ливади. После 1900м. Се излегува на отворено, каде има прекрасен поглед и шумски пејсажи. Движењето на отворено се до црквата св. Преображение е по изохипса од 1900м.-1920м., и во близина на црквата има друга чешма со многу ладна вода за пиење. Од црквата па се до Голем Крчин движењето е нагоре, по тревна подлога, на сосема мал дел од патеката пред врвот има каменлив дел од околу 15 метри.

Погледот од Голем Крчин може само да се доживее, не се доволни ниту зборови ниту слики.

Враќањето од Голем Крчин може да биде во повеќе насоки,
1. Враќање по истата патека кон Караула Битуше
2. Враќање кон Ростуше
3. Враќање кон Скудриње.

 Наш предлог тура е со враќање кон Ростуше и препорачано движење со професионален водич.

 ОПИС НА ТУРАТА: ВРЕМЕНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
    08:00 – Пристигнување на групата на Караула – с.Битуше.
    08:05 – Тргнување кон езерото Голем крчин.
    10:00 - Пристигнување на Ѓинова чешма.
    10:15 – Продолжуваме кон Крчин
    11:00 – Пристигнување кај црква св. Преображение
    11:20 – Продолжуваме со движење кон Голем Крчин
    13:00 – Пристигнување на Голем Крчин, пауза и Ручек.
    14:00 – Тргнување назад
    14:30 – Собирање боровница.
    15:30 – Трнување назад кон Ростуше или повторно кон Караула Битуше
    18:00 – Пристигнување кај куќичката на дрва во Борова шума, и пауза 15мин.
    18:15 - Продолжуваме со движење кон Ростуше.
    19:00 – Пристигнување во центарот на Ростуше,

КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ТУРАТА

ТИП:  Средно тешка
Вкупна должина: 14km
Вкупна денивелација: 1605m.
Времетраење на турата: околу 11:00 часа.